Барселона и Манчестер Јунајтед ги повлекоа првите стратешки потези пред 1/4 финалната пресметка во Лигата на фудбалските шампиони. Каталоните поставија многу висока цена на билетите за англиските навивачи кои ќе сакаат да присуствуваат на стадионот – „Камп Ноу“.
Тие ќе мора да платат 102 фунти, што е највисока цена во историјата на англискиот клуб. Како одговор на тоа, челниците од „Олд Трафорд“, објавија, дека биле принудени да ја одредат истата цена за поддржувачите на Барселона. Англискиот клуб ќе издвои дел од вредноста на секоја билет за да им го олесни патувањето на навивачите.
Клубот ќе покрие по 27 фунти од вкупната цена, што значи дека секој навивач на Манчестер Јунајтед ќе мора да додаде 75 фунти за да купи влезница. Англичаните ќе имаат на располагање точно 4.610 билети за – „Камп Ноу“.
