Голманот, Давид Де Геа, по четврти пат беше избран за најдобар играч на Манчестер Јунајтед во гласањето во кое учествуваа фудбалерите, тренерите и навивачите на клубот.
Шпанецот ја прими наградата на вчерашната гала свеченост со што влезе во историјата на тимот од „Олд Трафорд. „Црвените ѓаволи“ се определија премиерно да ја вметнат и наградата за најдобар играч според менаџерот а Жозе Мурињо одлучи таа да замине во рацете на Скот МекТоминеј.
„Мислам дека сонот на секое момче кое доаѓа од академијата е да заигра за првиот тим. Кога сонот станува реалност, мислам дека наредниот е да игра големи натпревари, да игра во Лигата на шампионите и за националниот тим. Сето ова во период од само шест месеци. Затоа, мојот играч на годината е Скот МекТоминеј“ – истакна португалскиот тренер.