Бруно Салтор, кој времено ќе биде тренер на фудбалерите на Челзи откако вчера Грем Потер заработи отказ, излезе за прв пат пред новинарите.
„Сега сум тука бидејќи Потер и клубот почувствуваа дека тоа е вистинскиот чекор. Ќе се обидам да му помогнам на клубот и да покажам најголема професионалност“ – вели Салтор кој претходно беше дел од стручниот штаб на „сините“.
Шпанецот ќе дебитира како прв тренер на утрешниот меч со Ливерпул кој ќе биде одигран на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.