Фудбалерите на Арсенал вчера го совладаа Динамо Загреб со 3:0 и направија голем чекор кон 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Тие се во одлична позиција да завршат во Топ 8 и да ги скокнат првите елиминации. Нивниот менаџер, Микел Артета, беше презадоволен по победата против хрватскиот состав.
„Направивме промени за да им дадеме шанса на дел од играчите да добијат поголема минутажа. Добро е што победивме“ – рече Артета.

