Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека неговиот тим одиграл перфектно во второто полувреме на вчерашното гостување кај ПСЖ во 1 / 2 финалето во Лигата на шампионите и дека сосема заслужено успеал да направи пресврт.
Шпанскиот стратег и покрај победата во Франција од 2:1, предупредува дека се може да се случи на реваншот во Англија.
„Бевме добри во вториот дел, одигравме многу агресивно, ако и на реваншот биде како во вториот дел, тогаш можеме да одиме во финале“ – изјави Гвардиола.

