Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, верува дека клубот напредувал од минатата сезона. Тој додаде дека тренерот, Оле Гунар Солскјер, е главната причина за успесите на тимот. Норвежанецот пред да биде назначен за постојан менаџер забележа 13 победи на 19 натпревари.
„Од моментот кога пристигна, тој веруваше во мене. Од првата минута тој имаше огромно влијание врз тимот. Мислам дека победивме 10 од 11 натпревари„ – вели Де Геа.
„Навивачите стојат зад него и го сакаат бидејќи тој е менаџер кој добро го познава клубот. Ние напредуваме во одбраната и токму тоа ни помага да се подобриме во целина – вели Де Геа