Рафаел Надал со победата против Аргентинецот, Гвидо Пеља, со резултат 2:0 по сетови 6:3 и 6:4, влезе во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Монтреал.
Шпанскиот тенисер со тоа ја запиша 379 победа на Мастерс турнирите со што го надмина рекордот на Роџер Федерер. Швајцарецот досега се израдувал на 378 победи на турнирите од Мастерс серијата – 1000.
Надал доколку го продолжи патот до финалето ќе се пробие и на второто место на АТП листата. негов противник во наредната рунда ќе му биде Италијанецот, Фабио Фоњини, кој во текот на ноќта го победи Адријан Манарино со 6:2 и 7:5.