Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе се обиде максимално да го засили тимот за наредната сезона откако челниците му одобрија буџет од 300 милиони фунти.
„Граѓаните“ досега платија 21 милион за Феран Торес додека за 43 милиони евра го купија Најтан Аке од Борнмаут. Сити сака да го купи и дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, кој се проценува на 80 милиони фунти.
На списокот на Гвардиола се наоѓа и младиот Жоао Феликс од Атлетико Мадрид кој има трансферна цена од околу 90 милиони евра.