Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид де Геа се согалси да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“.
Англиските медиуми пренесуваат дека Шпанецот ќе парафира нов договор за наредните шест години кој ќе му донесе големи 110 милини фунти. Тој ќе добива плата од 375.000 фунти со што ќе биде убедливо најплатениот голман во светот.
Де Геа пристигна на „Олд Трафорд“ во 2011 година и досега има реализирано 362 меча. Тој од страна на фановите на Манчестер Јунајтед во четири наврати беше избран за играч на сезоната во тимот на „црвените ѓаволи“.