Искусниот дефанзивец, Серхио Рамос, нема да дебитира во дресот на ПСЖ ниту на денешниот меч со Анже во рамките на Лига 1.
Лекарите на францускиот тим стравуваат од обновување на повреда кај дефанзивецот и затоа го советувале тренерот, Маурисио Покетино, да го остави надвор од списокот.
„Ситуацијата на Серхио воопшто не е пријатна, тој сака да тренира и да помогне на теренот. Тој страда во моментов иако е ментално многу силен. Целиот лекарски тим му помага да ја надмине повредата и се надеваме на најдоброто“ – изјави аргентиснкиот тренер.

