Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, би можел да добие суспензија за 7 средби поради навредливи зборови упатени кон судијата на мечот со Ремс од францускиот фудбалски шампионат.
Шпанецот беше исклучен пред паузата со два брзи жолти картони. Прво судијата Пјер Јелуст го казни за груб фаул а веднаш потоа го исклучи поради навредливи зборови.
Дисциплинска комисија утре ќе ја определи казната за шпанскиот играч на Пари Сен Жермен.