Тренерот на фудбалерите на Aрсенал, Микел Артета, објасни што му рекол судијата на вчерашното дерби со Манчестер Јунајтед на кое на „топчиите“ им беше поништен гол поради прекршок од Одегард врз Ериксен.
„Самиот судија ми нагласи дека станува збор за мек дуел. Тоа е одлука на која не сме навикнати тука“ – вели Артета.
„Ние бараме само идентичен критериум. Ни поништија гол и сега не можеме ништо да направиме“– изјави Артета по вчерашниот пораз од 3-1 на „Олд Трафорд“.