Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упорно одбива да го продолжи договорот кој му е валиден до летото во 2021 година.
Англиските медиуми откриваат дека за тоа има две причини: првата е дека Пеп навистина не сака да продолжи со Сити а втората дека чека да види што ќе се случува со казната на „граѓаните“ кои две години немаат право да играат во европските купови.
Иако челниците на тимот сакаат да го задржат со далеку побогат финански договор, шпанскиот тренер не сака да брза и да потпише нова соработка.