Фернандо Алонсо е воодушевен од соработката на неговиот нов тим Мекларен и францускиот производител на моторни возила – Рено.
Според двократниот светски шампион, Британците почнуваат да кројат планови како побрзо да го заземат местото на Ред Бул. Алонсо на Гран При трката во Австралија дури успеа да финишира меѓу пилотите на австрискиот тим – Даниел Рикардо и Макс Верстапен иако таквиот епилог повеќе се должеше на проблемите на Верстапен отколку на реална брзина на болидот на Алонсо.
„Мекларен ќе биде подобар. Во наредните неколку трки ќе видите голем напредок бидејќи во болидот има уште многу потенцијал. Во првиот старт од нашето партнерство со Рено се виде дека тоа ќе биде успешнo ” – искоментира Алонсо.