Чави Мартинез е првиот фудбалер кој во текот на летово ќе го напушти шампионскиот состав на Баерн Минхен, објавија локалните медиуми.
Тој по осум сезони поминати во дресот на Баварците ќе си замине со дури 19 трофеи освоени во различни конкуренции. Според најавите, Мартинез, најверојатно ќе се врати во Атлетик Билбао. Тоа е состав од кој си замина пред 8 години и се пресели во германскиот фудбал.
Искусниот играч кој одигра за тимот од Минхен 237 средби има договр за уште една сезона, но, бидејќи има желба да се врати во Шпанија, Баерн ќе му дозволи да ја напушти „Алијанц Арена“.