Пеп Гвардиола кој најверојатно нема да успее да ја одбрани фудбалската титула во Англија со неговиот Манчестер Сити, вели дека „граѓаните“ се најдобриот состав на Островот во последната деценија.
„Во последната декада освоивме буквално се, постигнавме многу голови и се израдувавме на титули. Тоа не беше лесно бидејќи моравме да им се спротиставиме на гигантите. Навистина ми е мило што станав дел од проектот на новите сопственици“ – потенцираше шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити.
Актуелните шампиони на Англија во моментов се наоѓаат на третото место на табелата со 44 бодови или 11 помалку од Лидерот Ливерпул кој денеска на домашен терен ќе го пречека Шефилд Јунајтед.