Менаџерот на фудбалерите на Астон Вила, Унаи Емери, очекува поволен резултат на денешното гостување кај екипата на Бриж во првата пресметка од 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите.
„На секој натпревар одиме на победа. Последен пат кога го посетивме Бриж, бевме надиграни. Значајно е да го извлечеме максимумот од фудбалерите“ – изјави Емери.
Средбата во Белгија меѓу домаќинот и англискиот состав ќе започне во 18.45 часот а ќе ја суди Пинеиро од Португалија.

