Дефанзивецот Пау Кубарси го напушти таборот на шпанската репрезентација и се врати во својот клуб Барселона. Младиот дефанзивец се повреди на првиот натпревар против Холандија во Лигата на нации и отпадна од тимот за реваншот.
„По направените тестови од страна на медицинските служби на Кралската шпанска фудбалска федерација, одлучено е играчот да се врати во својот клуб Барселона за да започне со закрепнување поради непријатноста што ја доживува во десниот зглоб и која го спречи да го одработи натпреварот против Холандија во Ротердам“, напишаа од шпанската репрезентација.
Селекторот Луис де ла Фуенте го повика дефанзивецот на Лацио Марио Хила како замена за Кубарси.

