Фудбалската репрезентација на Шпанија со убедлива победа над Костарика од 7:0 го започна настапот на Светското првенство во Катар во рамки на групата Е.
Шпанија стартуваше фуриозно и уште од почетокот на мечот даде до знаење дека нема да се шегува со своето реноме на мечот со Костарика.
Прашањето на победникот беше решено уште во првото полувреме, кога Шпанците дадоа три гола во дваесет минути. Во 11. минута Дани Олмо погоди за 1:0, а десет минути подоцна, во 21. минута, Алба го проигра Марко Асенсио и тој зголеми на 2:0. Третиот гол беше постигнат во 31. минута, а стрелец беше Феран Торес од пенал. Во второто полувреме, односно во 54. минута, Феран Торес зголеми на 4-0, па следуваше двојна историја откако големиот фудбалски талент Гави успеа да постигне убав гол во 74. минута и со што стана најмлад играч во историјата на Шпанија кој заигра на меч со 18 години, стана и најмлад стрелец во историјата на „фуријата“ и го урна рекордот на Раул.
Последните петнаесет минути така беа само формалност и играчите на Луис Енрике штедеа сили за дербито со Германија, но затоа Сантијаго Солер и Алваро Мората со голови во финишот зголемија на конечните 7:0.