Синоќа се одигра натпреварот од 2.коло од квалификациите за ЕП 2024 година во кое се сретнаа Шкотска и Шпанија. Екипите играа на „Хемпден Парк“ во Глазгов, а натпреварот заврши со победа на Шкотска од 2:0.
Репрезентацијата на Шпанија пред натпреварот со Шкотска го немаше напуштено теренот без постигнат гол на 39 натпревари од квалификациските турнири за ЕП по ред. Последниот натпревар без постигнати голови се случи во октомври 2006 година.
Тогаш Шпанците загубија од Шведска со резултат 0:2, што не им пречеше да ја завршат групата на првото место, а подоцна и да го освојат Евро 2008 година. Претходно, Шпанија во првото коло ја победи Норвешка со 3:0.