Шпанија се пласираше во четвртфиналето на ЕП откако во драматичен натпревар славеше против Хрватска вечерва на „Паркен“ стадионот во Копенхаген.
Шпанците водеа со 3:1, но во последните неколку минути Хрватска успеа да постигне два гола, од кој вториот беше во 92.минута од натпреварот за израмнување на резултатот на 3:3 и да се изборат за продолженија.
Сепак во дополнителните 2х15 минути , Шпанија беше поуспешна и ја совлада Хрватска со 5:3 што и донесе пласман во четврфиналето. Шпанија ќе го очекува подобриот од вечерашниот дуел меѓу Франција и Швајцарија, а Хрватска се враќа дома по настапот на ова ЕП.

