Шпанската фудбалска федерација (ФЕФ) сака да ја претстави својата кандидатура за организација на Светското првенство 2030 или Европското првенство 2028, пренесоа извори блиски до федерацијата.
Оваа идеја била разгледана на состанокот помеѓу премиерот Педро Санчез, претседателот на ФЕФ, Луис Рубиолес и на ФИФА, Џани Инфантино.
Истите извори тврдат дека има две можности за организирање на Мундијалот 2030. Едната е преку самостојна кандидатура, а другата таа да биде заедничка со Португалија и Мароко.
Досега Шпанија беше домаќин само на Мундијалот 1982, а следните две изданија на најголемиот фудбалски собир ќе бидат во Катар по четири години и САД, Мексико и Канада во 2026 година