Холандија беше домаќин на репрезентацијата на Шпанија во пријателски натпревар. Средбата се одигра на арената „Јохан Кројф“ во Амстердам и заврши нерешено со резултат 1:1.
Она што е интересно за оваа среба е тоа што, репрезентацијата на Шпанија, за прв пат од 90-тите години, нема извојувано ниту една победа на последните шест гостувања (5 нерешени средби и пораз). Последен пат тоа се случило помеѓу јуни 1990 година и март 1993 година. Тогаш серијата порази на шпанската репрезентација беше осум натпревари.
Репрезентацијата на Шпанија настапува во групата 4 од Лигата А во Лигата на нации на УЕФА и е на првото место во групата. Избраниците на Луис Енрике ќе ги играат следните натпревари во групата со репрезентациите на Швајцарија (14 ноември) и Германија (17 ноември).

