Женската фудбалска репрезентација на Шпанија е нов светски првак. Шпанките денеска со минимална победа од 1:0 славеа над европскиот првак Англија во финалето на деветтото Светско првенство за жени. Олга Кармона го постигна единствениот гол на натпреварот, достоен за пехарот наменет за светските шампиони.
За двете селекции ова беше прво финале на Светско првенство. Шпанија можеше и поубедливо да го реши финалето, но Хермосо не успеа да погоди од белата точка во вториот дел.