Играчот за врска на Интер, Кристијан Ериксен, кариерата може да ја продолжи во шпанска Валенсија, пренесува „Газета дело Спорт“.
Објавено е дека главниот проблем за купување на овој играч е високата плата на фудбалерот. Интерес за Данецот покажуваат и ПСЖ, Баерн Минхен и Арсенал. Претходно беше објавено дека играчот бил понуден на Атлетико Мадрид и Реал Мадрид. Италијанскиот клуб размислува да ги продаде правата на играчот за 30 милиони евра, да го позајми или размени играчот. Ериксен се приклучи на Интер во јануари 2020 година за трансфер од 27 милиони евра. Пред тоа, тој играше за Тотенхем седум години, но менаџерот на оваа екипа, Жозе Мурињо изјави дека нема намера да го врати Ериксен во Тотенхем.
Оваа сезона, Ериксен одигра 12 натпревари за Интер во сите натпреварувања. Неговиот договор со миланскиот клуб е до летото 2024 година.

