Судската полиција изврши претрес во седиштето на Каталонската фудбалска федерација поради случајот со поранешниот потпретседател на техничкиот комитет на судиите на Кралската шпанска фудбалска федерација, Хозе Негреира, пренесува Мундо Депортиво.
Според изворот, полицијата побарала документи за некои плаќања од федерацијата во корист на Хозе Негреира. За време на претресот, полицијата запленила 12 фактури издадени и платени од Негреира во 2019 година.
Претходно беше објавено дека каталонскиот клуб се уште нема добиено официјално известување за судската истрага покрената против него и во моментов нема да дава јавни изјави.