Младиот дефанзивен фудбалер на Челзи, Маркос Алонсо, може да го напушти тимот во јануарскиот трансфер период, најавија денеска медиумите во Англија.
Според наведеното, Италијанскиот Интер кој е претендент за титулата во Серија „А“, планира да ја засили дефанзивната линија а како прв пик го има токму младиот играч на лондончани. Според проценките, трансферната вредност на Алонсо е околу 40 милиони евра.
„Нероаѕурите“ ако се определат да ја одвојат споменатата сума, тогаш поранешниот играч на Фиорентина може да се врати во италијанскиот шампионат. Алонсо во тековнава сезона не успева да се наметне кај тренерот на Челзи, Франк Лампард. Тој од 5 ноември до 14 декември, не беше пријавен за настап на дури 8 средби.