Првите луѓе на Реал Мадрид планираат да го купат фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, објавија во текот на денов медиумите во Шпанија.
Италијанскиот тим за потписот на српскиот репрезентативец бара големи 100 милиони евра, но, „кралевите“ ќе се обидат да го добијат за околу 70-ет. Наводно, луѓето од „Сантијаго Бернабе“ во континуитет имаат преговори со неговиот агент и веруваат дека ќе успеат да го ангажираат во текот на летото.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ до прекинот на фудбалската сезона беше меѓу најдобрите играчи во редовите на „лацијалите“.