Шпанскиот судија Матеу Лаос одлучи да се повлече од професијата по завршувањето на актуелната сезона. Веста ја објави аргентинскиот новинар Гастон Едул, а потоа ги обиколи сите водечки шпански медиуми.
Името на Лаос стана најозборуваното судиско име во светскиот фудбал во последниот месец. Причина за ова беа натпреварите меѓу Холандија и Аргентина во четврт-финалето на Светското првенство и дербито меѓу Барселона и Еспањол во последното коло од Ла Лига. Во нив Лаос покажа вкупно 34 жолти и два црвени картони.
Тешките критики кои ги трпи во последно време се една од главните причини поради кои судијата роден во Валенсија реши да се повлече на 45 години.