Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Шпанскиот Суперкуп ќе има промена на форматот
    Фудбал

    Шпанскиот Суперкуп ќе има промена на форматот

    risteBy riste19/02/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Суперкупот на Шпанија веќе ќе се игра во странство и ќе биде во изменет формат, објави претседателот на Шпанската фудбалска федерација Луис Рубиалес.

    Во новиот формат ќе учествуваат четири, наместо традиционалните два тима. Во моментов сепак Рубиалес не даде повеќе детали ниту каде ќе се одржуваат средбите, ниту кои тимови, освен шампионот и носителот на Купот на кралот, ќе имаат право да играат.

    Единственото нешто што е познато е дека четирите тима ќе бидат поделени во две полуфинални двојќи и дека победници од овие натпревари ќе се сретнат во финалето.

    Рубиалес беше избран за претседател на Шпанската фудбалска федерација во мај 2018 година и една од првите работи кои направи беше да ја смени формата на Суперкупот. До 2017 година шампионот играше со освојувачит на Купот во два натпревари, дома и гости, но во 2018 година шампионот Барселона играше еден натпревар со финалистот од Купот, против Севиља на неутрален терен во мароканскиот град Тангер. Каталонците победија со 2:1 на оваа средба.

    Сосема е можно овој нов формат на Суперкупот со четири тима да се одржува на територијата на САД. Претходно беше најавено дека Џирона и Барселона ќе го играат натпреварот од првенство во Мајами, но Шпанската фудбалска федерација стави вето над оваа одлука.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Олимпик Лион му даде отказ на Фабио Гросо

    30/11/2023

    Хаким Зиеш е трет играч кој постигнал два гола од слободен удар на еден меч во ЛШ

    30/11/2023

    Арсенал со највисока победа на англиски тим против француска екипа

    30/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Олимпик Лион му даде отказ на Фабио Гросо
    • Хаким Зиеш е трет играч кој постигнал два гола од слободен удар на еден меч во ЛШ
    • Арсенал со највисока победа на англиски тим против француска екипа
    • Гави успешно опериран, но ќе ги пропушти ЕП и ЛОИ во 2024 година
    • Белингем е четвртиот играч кој постигнал 10 гола во ЛШ пред да наполни 21 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.