Медиумите во Англија објавија дека менаџерот на фудбалскиот состав Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размислува да го врати на стадионот – „Етихад“ централниот дефанзивец, Стефан Савиќ.
Шпанскиот специјалист интензивно бара опции да ја засили одбрана а Црногорецот повторно влезе во неговото видно поле. Савиќ во периодот од 2011 до 2012 година играше една сезона кај „граѓаните“ , но, не успеа да се наметне. Тој се појави на 12 натпревари и даде 1 гол.
Потоа неговата кариера продолжи во Фиорентина а од 2015 година го носи дресот на Атлетико Мадрид. Тој има активен договор до 2022 година, но, медиумите прогнозираат дека шпанскиот тим е подготвен да го продаде доколку добие добра понуда.

