Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, изјави дека младиот, Мартин Одегард, сосема заслужено се избори за перманентен договор со „топчиите“ бидејќи имаше блескави партии во претходната сезона.
Норвежанецот кој играше како позајмен од Реал Мадрид, деновиве беше промовиран како летно засилување за англискиот состав.
„Видовте како влијаеше на нашата тимска игра. Тој е млад а неговиот потенцијал е навистина огромен“ – изјави Артета.