Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, очекува тежок натпревар со нисколигашот, Њупорт Каунти, во рамките на ФА Купот на Англија. Велшкиот клуб стигна до петтиот круг на најстариот фудбалски турнир на светов откако го елиминираше поранешниот шампион на Премиерлигата Лестер Сити а претходно беше подобар и од тимот на Мидлзборо. Токму тој ефект на Њупорт на некој начин влијае на размислувањето кај Гвардиола в пресрет на неделниот меч.
„Њупорт направи неверојатни нешта на дуелите со Лестер и Мидлзборо. Знаеме дека не очекува тежок натпревар и ќе пристапиме максимално сериозно. Ние сме свесни дека ниту еден тим не смее да се потцени“ – изјави Гвардиола.
„Во натпреварите од Премиер лигата знаеме против кога ќе играме, сега противникот е речиси непознат за нас. Во составот има играчи со по 14 или 15 постигнати голови и тие се многу силни кога има прекини. Ќе мора да се адаптираме и на теренот. На гостувањата се може да се случи“ – нагласи Гвардиола.