Откако шпанската фудбалска федерација предложи првенството да биде прекинато а изгледот на табелата да биде конечен, челниците на Валенсија најавија дека ќе реагираат до УЕФА.
Тимот од „Месталја“ заедно со колегите од Атлетико Мадрид, најавија дека не се задоволни со евентуална таква одлука бидејќи до прекинот на Примера ги немаат посакуваните места што водат во Европа.
Доколку федерацијата остане на ставот да стави крај на првенството, тоа значи дека во ЛШ ќе играат: Барселона, Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад додека Лигата на Европа би оделе: Гетафе, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.