УЕФА демантира дека се разгледува опцијата само за плеј-оф рунда во европските купови или целосно укинување на квалификации со тоа што шест екипи од земјите што немаат директен претставник би добиле „валјд карта“.
„УЕФА никогаш не размислувала за одземање на правото на шампионот да се обиде преку квалификациски систем да стигне до Лигата на шампионите. Засега нема никакви конкретни предлози“ – стои во соопштението на УЕФА.
За сите теми што ги покрива европската куќа на фудбалот ќе се дискутира на наредната видео-конверенција на Извршниот комитет закажана за 27 мај.