Некогашниот фудбалски репрезентативец на Германија, Бастијан Швајнштајгер, кој во завршницата од кариерата настапи и во Мначестер Јунајтед, вели дека има решение за случајот на Пол Погба, кој истакна дека е можеби време да направи нов чекор во кариерата.
„Доколку еден играч сака да си замине, тогаш клубот треба да му дозволи. Во еден тим сите играчи треба да бидат максимално посветени на работата. Тоа е единствениот начин со кој се опстанува на врвот“ – вели Германецот.
Последните шпекулации велат дека Погба се наоѓа на радарот на Реал Мадрид и дека е прашање на време кога ќе потпише за екипата од „Сантијаго Бернабе“.