Голманот на фудбалскиот состав Барселона, Тер Штеген, во досегашниот дел од сезоната има повеќе асистенции од големата ѕвезда на Реал Мадрид, Езен Азар, како и од неколку врвни играчи во најсилните европски првенства.
Статистиката вели дека чуварот на мрежата на Каталонците досега направи само две асистенции. Првата беше во седмото коло на теренот на Гетафе а втората дојде на вчерашниот меч со Мајорка кога неговиот тим победи со 5:2.
Сепак и тој ефект му е доволен на Тер Штеген да биде на листата пред напаѓачите од типот на: Азар, Стерлинг, Нејмар, Кристијано Роналдо, Ериксен, Мертенс, Лаутаро и уште неколку врвни фудбалери.