Фудбалерите на Барселона ја продолжија лошата серија откако доцна синоќа загубија на домашен терен од Јувентус во рамките на последното 6 коло во Лигата на шампионите.
Тоа сосема очекувано го натера голманот на Каталонците, Андре Тер Штеген, да упати критики кон соиграчите.
„Не можеме да правиме такви грешки. Кога компликуваме непотребно примаме голови. Секоја наша грешка ја користи противникот.Треба да излеземе од сегашнава ситуација. Мора да се вратиме во победнички ритам“ изјави голманот на Барселона.
