Одбојкарите на Штип УГД го искористија домашниот терен и успеаја за прв пат во историјата да го освојат победничкиот пехар во Купот на Македонија.
Тие денеска во финалето го совладаа составот на Струмица со 3:2 (22:25, 25:22, 19:25, 25:21, 15:13). Во победничкиот состав се издвои Задмард со 26 поени. Претходно во женското финале одиграно на истата локација, Струмица првпат во клупска историја се израдува на трофејот откако славеаше против Јанта Волеј со 3-0 (25-20, 25-12, 25-14). Најдобра во победничкиот состав беше Душка Здјелар со 15 поени.
Ќе нагласиме дека на завршниот турнир во Купот од активно судење се прости нашиот долгогодишен интернационалец, Никола Мицевски.

