Весникот – „Марка” од Мадрид објави интересна вест за најавеното заминување на Андрес Иниеста од редовите на Каталонците.
Се очекуваше утре (петок) капитенот на Барселона да објави официјално дека по крајот на сезоната ќе оди во Кина и тоа најверојатно во тимот на Далијан Лифан. Сега „Марка“ тврди дека фудбалерот не може да се договори за платата и дека може да пропадне трансферот на Исток.
Тоа треба да биде и тема на утрешната средба со „седмата сила“. Според информациите, Иниеста наводно побарал годишна плата од 20 милиони евра, но, претседателот на кинескиот клуб сеуште не дал позитивен одговор.