Саудискиот Ал-Хилал му даде рок од 72 часа на Бруно Фернандеш да одговори дали ќе ја прифати примамливата понуда што му е упатена.
Клубот од Ријад му понуди на играчот од средниот ред четири пати поголема плата од неговата. Понудата е 700.000 фунти неделно. Со бонусите, Бруно би можел да добие вкупно 200 милиони во текот на три години.
Доколку одговорот на капитенот на „црвените ѓаволи“ е позитивен, Ал-Хилал ќе упати официјална понуда до Манчестер Јунајтед, која, според „Дејли меил“, ќе биде од околу 100 милиони фунти.

