Челниците на Фудбалската федерација на Македонија и претставниците на прволигашките клубови денеска реализираат состанок на кој треба да падне одлука што ќе се направи со тековнава сезона која е прекината поради пандемијата со Ковид-19.
Средбата се реализира на отворено со почитување на сите протоколи за заштита од корона-вирусот, со потребната дистанца, со користење на маски, на отворен простор и под посебни чадори како заштита од сонцето.
ФФМ ќе треба да ја испочитува пораката од УЕФА и до 25 мај да донесе одлука како ќе ја заврши сезоната.