Челниците на Барселона побарале од фудбалерот, Серхио Бускетс, што побрзо да одговори дали ќе го продолжи договорот кој му истекува во текот на летото, најавија медиумите во Шпанија.
Ветеранот кој добил понуда да заигра во САД, засега не сака да ја продолжи соработката со Каталонците. Според шпекулациите, двете страни допрва треба да седнат на преговарачка маса.
Се претпоставува дека Барса сака да го задржи 34-годишниот играч најмалку уште една сезона.