Луѓето од Манчестер Сити се обидуваат да издејствуваат продолжување на договорот на Ерлинг Халанд, кој има тековна соработка со англискиот состав до летото во 2027 година.
Не е тајна дека корпулентниот фудбалер од Норвешка има желба да замине во Шпанија во редовите на Реал Мадрид или Барселона, наведуваат денеска дел од медиумите.
Напаѓачот на „граѓаните“ во тековнава сезона има одиграно 10 средби на кои успеа да постигне 11 голови.

