Италијанските медиуми објавија дека тренерот на фудбалерите на Болоња, Тијаго Мота, сигурно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната откога ќе му истече договорот.
Неговиот тим игра фантастично во тековнава сезона вo Серија „А“ и веројатно до крајот ќе се бори да обезбеди место во Лигата на шампионите.
Поранешниот фудбалер на Барса, Интер и ПСЖ кој седна на клупата на Болоња во 2022 година, има актуелен договор до почетокот на јуни. Бразилецот кој има италијански пасош, е цел на неколку европски гиганти.

