Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба откако јавно кажа дека сака да си замине од Манчестер Јунајтед, има реална шанса да се врати во екипата на Јувентус.
Ѕвездата на „триколорите“ се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, но, откако тоа остана само во доменот на шпекулации, сега „старата дама“ може да направи обид за да го врати во Торино. Директорот на италијанскиот тим, Фабио Паратичи, вчера бил во Турција на мечот меѓу домаќинот и Франција за да преговара за ангажман турскиот репрезентативец Мерих Демирел кој игра за Сасуло како и да се сретне со Пол Погба.
Се претпоставува дека Французинот би можел да се врати во Јуве како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.