Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на 17 јуни треба да донесе одлука како ќе ја заврши фудбалската сезона која е прекината поради пандемијата со Ковид- 19.
Пред состанокот во Нион, медиумите во Шпанија излегоа со три можни сценарија за Логата на шампионите. Ако има услови за одигрување на нокаут-фазата што е тешко да се очекува, финалето нема да биде во Инстанбул туку во Лисабон или Минхен.
Второто сценарио е да се игра фајнал-фор на неутрален терен додека третото предвидува завршен турнир со најдобрите осум исто така на неутрален терен. Целата понуда во ЛШ треба да се реализира во август а завршниот меч за пехарот да биде одигран на 29-ти .