Европската фудбалска федерација наводно, размислува на Истанбул да му го одземе финалето од Лигата на шампионите и да го префрли во Лисабон.
„Дејли Мејл“ објави дека УЕФА направила контакти со Португалската фудбалска федерација. Причина за промена е атмосферата во Турција поради одржувањето на претседателските избори.
Луѓето од врвот на европскиот фудбал стравуваат дека во турскиот град би можело да има големи нереди.