Фудбалот го загуби својот крал. Најголемиот играч во историјата, Бразилецот Пеле почина денеска на 82-годишна возраст. Пеле имаше седум деца и беше во брак со Марсија Аоки. Од неговиот прв брак, со Роземери Чолби, се родија Кели Кристина, Едињо и Џенифер. Поранешниот играч е и татко на близнаците Џошуа и Селест, од врската со психологот Асирија Лемос. Покрај овие, Пеле има и две ќерки вонбрачно: Сандра Реџина, која доби признание за татковство од страна на Пеле, но која почина во 2006 година, и Флавија.
Најдобриот фудбалер на сите времиња за националниот тим дебитираше во 1957 година на натпреварот од Копа Рока против Аргентина, кога го постигна и својот прв гол во жолтиот дрес. Со бразилскиот тим, на само 17 години, тој го освои Светското првенство во Шведска во 1958 година.
Тој е единствениот трикратен шампион во светот, a постигнал 1282 гола во целата својата кариера од кои 95 за националниот тим. 21-годишната кариера која започна во Сантос, во 1956 година, a ja заврши во Космос од Њујорк во 1977 година.