Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азар, постојано е контрадикторен во изјавите околу неговите планови за наредниот период.
Фудбалерот иако неодамна потенцираше дека размислува за трансфер во Шпанија, сега во последното интервју нагласи дека е среќен на „Стемфорд Бриџ“ и дека таму може да ја заврши и кариерата. Репрезентативецот на Белгија со 7 погодоци е лидер кај голгетерите во Премиер лигата.
„Јас сум многу среќен со клубот и соиграчите. Моето семејство исто така се чувствува многу добро. Значи, ако не одам во Шпанија, нема да има никаков проблем. Ги сакам навивачите на Челзи а мислам дека и тие ме сакаат. Што и да се случи во иднина, ќе бидам среќен“ – изјави Азар.